Alergija (makedonski) - seminarski
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 7

Алергија
Основна улога на имунолошкиот систем на човечкиот организам е да го
одбрани телото од сите влијанија кои потекнуваат од надворешната или
внатрешна средина. На тој начин кај здравите луѓе се создава имунитет,
отпорност кон сите влијанија. Алергијата претставува променета,
преосетлива состојба на имунитетот на поедини личности, на материи од
нашата околина на кои повеќето не реагираат, бидејќи во суштина не
претставуваат опасност. Зборот алергија е од грчко потекло со спојување на зборот
alos = промена и ergeia = реакција. Склоноста кон алергија е наследена и околу
30% од населението е склоно кон овие пореметувања, а кај околу 20% таа се
појавува. Се шири во големи размери и е наречена епидемија на дваесетиот век. Во
Европската унија секоја година бројот расте за 5%, а половината од нив се деца.
__________________________________________________
Алергени
Материите кои предизвикуваат алергија се нарекувват алергени и се поделени во
неколку големи големи групи во однос на начинот на кој нашиот организам доаѓа во
допир со нив:
Контактни алергени: (хемикалии, козметика, накит...)
Нутритивни алергени – храна (јајца, риба, млеко,конзерванси и адитиви во храната...)
Респираторни алергени – од внатрешна средина, од куќата, ( како што е прашина, влакна од домашни животни ) или од надворешна средина ( како што е полен од дрвата, тревни коров и сл. )
Симптоми
Кога организмот на преосетливата особа дојде во контакт со алергенот во рок од неколку минути, часови или денови се појавуваат симптомите на алергија. Во случај на респираторна алергија на полен, зрнцата полен доаѓаат до кожата, слузницата на очите, носот, плуќата и ги предизвикуваат следните симптоми:
Кожа: црвенило, оток, осип, осет на чешање
Очи: црвенило, солзење, чешкањ
Нос: кивање, запушеност, обилна воденеста секреција, чешкање
Грло: осет на слевање на секретот, осет на гребење, чешкање
Бели дробови: суво кашлање, отежнато дишење
__________________________________________________
КОЖНИ ОБЛИЦИ на алергиите
Кожните алергии претставуваат група во чие настанување важна улога игра алергискиот механизам. Како последица на делувањето на медијаторите (супстанции кои се ослободуваат од клетките мастоцити кои учествуваат во алергиската реакција) и лимфокини (биолошки активни супстанции кои ствараат стимулирани лимфоцити) доаѓа до оштетување на ткивото, кое го нарекуваме алергиска реакција. Алергиските кожни облици можеме да ги поделиме на такви кај кои преовладува механизмот на ран или хуморален тип (каде има зголемено производство на имуноглобулин пр. уртикарија) и оние кај кои преовладува механизмот на касен тип (со антиген кој реагира на специфично сензибилизираните лимфоцити пр.контактен алергиски дерматитис).
Акутна уртикарија
Акутна уртикарија (копривњача) кај која на кожата избиваат уртики (промени на кожата кои одговараат на оние при контакт со коприва). Уртиките се издигнати, црвенкасти или бледи промени со различна големина и облик. Појавувањето на уртики е пропратено со јако чешање. Уртиките брзо се појавуваат, но и брзо се губат, обично за 24 часа. Важна улога во настанувањето на уртиките имаат мастоцитите (клетки кои се наоѓаат во подкожното ткиво) од кого се ослободува хистаминн и

---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturskiradovi.net 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: maturskiradovi.net@gmail.com

 

 

besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!